-
Создавање на
асоција на ликовни творци кои ќе се
грижат за остварување на нивните
заеднички интереси, која ќе го развива и
унапредува професионализмот и слободната
и креативната расмена на мислења;
-
Афирмација
на ликовното творештво, негов развој и
збогатување и развој на ликовната
култура;
-
Залагање за
создавање услови за материјална подршка
на ликовното творештво која ќе го
поттикнува неговиот развој, односно
залагање за подобрување на условите за
живот и работа на ликовните творци;
-
Заштита на
авторскиот труд и залагање за негово
соодветно вреднување;
-
Следење и
запознавање со развојот и достигањето на
полето на ликовната уметност во светот и
поврзување со ликовните творци и нивните
асоцијации од други земји;
-
Да се грижи
за омасовување на членството во
здружението, развивањето на внатрешните
демократски односи и влијание на
членството врз работата на органите и
телата на здружението;
-
Да се бори
за остварување на принципите на
ротација, реизбор и изменливост во сите
тела на здружението
-
Да
соработува со здруженија на градовите на
територијата Р. Македонија, со
Републичкото друштво на ликовни
уметници, со цел за размена на мислења,
искуства, покренување на заеднички акции
и здружување;
-
Да преку
целокупната работа се стреми кон
развивање и јакнење на моралот кај
своето членство;
-
Да се грижи
за вреднување на доброволната активност
во здружението и со таа цел ги доделува
следните признанија: Благодарница и
Посебно признание, во постапка, под
услови и критериуми утврдени со
Правилникот за начинот и постапката за
доделување на признаија на членовите во
здружението;
-
Да дава
предлози до надлежните органи и
организации за разрешување на поодделни
проблеми;
-
Развивање на
соработка со сродни здруженија,
асоцијации и други друштва;
-
Поттикнува и
помага научно истражувачка дејност во
областа на развојот на ликовната
уметност;
-
Организира
ликовни колонии и изложби;
-
Соработува
со други здруженија и поединци во
земјата и странство;
-
Ги застапува
интересите на своите членови и правни
лица при донесувањето на прописи и мерки
и им помага во остварувањето на нивните
права;
-
Ги вреднува
активностите на свои членови и врз таа
основа доделува признанија.