|
Историјат на друштвото
Ако
знаеме дека животот е причина на сите збиднувања, тогаш и
уметноста е една од неговите последици. Во зависност од тоа
како животот се прима и чувствува, каков е односот на
уметникот спрема него, таква ќе биде и уметноста; искрена
или неискрена, нагонска или промислена, со чувство збогатена
или со разум оптоварена.
Да се стане “свој”, да се изгради сопствена ликовна
физиономија и индивидуалност, да се создаде своевиден израз
и личен акцент на колоритот, да се совладеат сложените
проблеми што се постауваат пред современата уметност, да се
вникне во духот, ризикот и суштината на современото
творештво, на сликарите им е не само професионална, туку
пред се, животна задача на луѓе кои се воспитувани да ги
отворат видиците на прогресивното во развитокот на нештата,
да ги вреднуваат нештата по свој критериум.
Нивна втора природа е постојано да истражуаваат, да
преработуваат врз интимните размислувања, врз откривањето на
нови можности и нови патишта, со една единствена цел -
рамноправно да се чекори во светот на современите уметнички
движења.
Следејќи ја сопствената творечка интенција и слобода под влијание на личната
предиспонираност и сензибилитет во тежнеењето за побогата
колористичка оркестрација, кај нив се манифестираат
најразлични настојувања, настојувањето за апстракното
истражување, новата фигурација, поетскиот реализам,
наративниот експресионизам, симболизам до хипер реализам,
како бунт и одраз на своето внатрешно битие.
Нивниот истражувачки дух и темперамент внесува постојано
немир и неспокојство во сопствените размислувања со што
постојано ги усовршуваат, облагородуваат, обогатуваат своите
ликовни медитации.
Некои се свртени кон минатото , некои кон иднината, но духот
кој анализира или навестува, немирот на тој дух кој руши и
гради и сето одново го вреднува, кај сите е ист - модерен,
современ. Како сведители на ова наше експлозивно и разнишано
време, тие ја поместуваат јатката на животот во духовните
координати на целиот човечки простор и време, со цел да го
обвинат или оправдаат, испитувајќи ја патеката на смислата.
Друштвото на ликовни уметници од Велес постои од 1973
година.
Вкупно 16
членови од кои многумина се веќе афирмирани и закитени со
високи признанија и награди, познати ликовни творци кои се
високо оценети од ликовната критика.
Во текот на своите 30 годишни активности, ги опфаќа
областите од ликовните уметности, при што може да се каже
дека творечкото минато на ДЛУВ е мошне богато и преполно со
активности од областа на ликовната уметност, на очиглед на
целата велешка јавност и пошироко.
Нескромно можат да се набројат огромен број на групни
изложби на ДЛУВ како и на самостојни од членови на
Друштвото, организирани ширум светот.
Учество на поединци - членови како и групни во исто така
изложби и колонии организирани во земјата и надвор од неа.
Активно учество во изложби организирани од страна на други
Републички здруженија како и здруженија од странство. За таа
цел беа испечатени бројни каталози за сите изложби.
Нај атрактивни збиднувања со кој ДЛУВ може да се пофали се:
-
Успешно организирано и реализирано е
Графичкото биенале на мал
формат во 2002 и 2004 година.
Од страна на учесниците интересот е огромен за што сведочат
пристигнати повеќеод 700 минијатури од преку 300 автори од
целиот свет.
- Во
мај, 2003 година беше успешно реализиран и организиран
проектот Разликите обединуваат. Во овој проект учествуваа повеќе
од 100 учесници, ликовни уметници и критичари од земјава и
странство.
-
Кординатор на ликовната колонија *Папрадишки
мајстори* 2005, во организација на
Општина
Велес,
По
иницијатива на градоначалникот г. Аце Коцевски и
Советот на
Општина
Велес, во 2006 година членовите на ДЛУВ добија задача за
изработување на 16 значајни личности од културно историското
минато на Велес. Портретите се изложени како трајна
постановка во фоајето на
Општина
Велес.
|