Биографија

Попов Александар Сашко
- Член на друштвото на ликовните уметници на Р. Македонија.
- Член друштвото на ликовните уметници за применета уметност на Р. Македонија.
Роден на 7 јули 1933 во Велес. Средно уметничко училиште завршува во 1954 година во Скопје, во класата на Лазар Личеновски. Во 1959 година во Белград дипломира на Академијата за применета уметност кај професор Васа Помаришац. По завршувањето на Академијата, работи како дизајнер во заводот за применета уметност во Белград. Кратко време се наоѓа на работа во фабриката за порцелан “Борис Кидрич” и Свиларскиот комбинат “Нонча Камишова”.
Работи како самостоен уметник со постојано место на живеење во Велес, “Ленинова” 18, тел. 043 22 27 66.
Александар Попов, повеќе години системно работи на својата стручна наобразба. За таа цел, ги реализирал следните студиски патувања: Париз, Атина, Рим, Милано, Фиренца, Неапол, Будимпешта, Букурешт, Цирих, Мадрид, Барселона, Толедо, Севиња, Малага, Гренада, Истанбул, Тунис, Тенерифе, Торонто, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Диего, Сан Франциско, Хонолулу и повеќе други ликовни центри во бивша Југославија.

Самостојни изложби
1970 - Цавтат, Галерија
"Камен мали"
1971 - Велес
1975 - Велес
1977 - Велес
1981 - Велес
1984 - Кавадарци
1985 - Велес
1993 - Штип
1994 - Скопје
1995 - Велес
1996 - Торонто, Канада
1999 - Велес
1999 - Скопје
1999 - Велес
2000 - Штип
2000 - Битола
2000 - Прилеп
2000 - Радовиш
2004 - Дејтон
2004 - Велес

Групни изложби
1954 - Велес
1957 - Велес
1963 - Велес
1964 - Охрид
1971 - Нови Сад


Назад