Пренџов Живко  www.zprendzov.blog.com.mk
Роден во Велес. Завршува педагошка академија во Скопје во 1982 година, а потоа и Факултет за ликовна уметност во Скопје, на педагошкиот оддел, графичка насока. Член на Друштвото на ликовни уметници на Велес и Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Учествува на многу групни изложби кои се организирани од страна на ДЛУВ и ДЛУМ.
Работната кариера ја започнува во 1979 година во  археолошкиот локалитет Стоби, како конзерватор на фреско живопис и движен археолошки инвентар. Од 1989 година работи како дизајнер во текстилната фабрика "Нокатекс", а од 1996 година како професор по ликовно во основно образование. 

-Самостојна изложба на графики, 2006 во Ликовниот салон - Велес

Колонии:

 - 1996, Прва меѓународна ликовна колонија "Велесграф '96", Работнички универзитет "Благој Страчковски", Велес

 - 1997, Втора меѓународна ликовна колонија "Велесграф '97", Работнички универзитет "Благој Страчковски", Велес

 - 1999, "Еко Арт", Горно Врановци,  Втора сликарска колонија, Дом на култура, Велес

 - 2001, Брзо сликање, Работнички универзитет "Благој Страчковски", Велес

 - 2001, Меѓународна ликовна колонија, Боровец, Р. Бугарија

 - 2001, Меѓународна Ликовна колонија - ЕЗЕРО МЛАДОСТ ,  Велес

 - 2002,  "Еко Арт", Петта сликарска колонија, Дом на култура, Велес

 - 2002, Меѓународна ликовна колонија "Поломие",  Лом,     Р. Бугарија

 - 2005, "Санџак, инспирација уметника", Меѓународна ликовна колонија, Дом културе, Сјеница, Р. Србија

 - 2005, Сребреник - Отворени град умјетности, ЏЏВИИИ Меѓународна ликовна колонија, Дом културе - Сребреник, БиХ

 - 2005, Улцињ, Меѓународна ликовна колонија "Албатрос 2005", Дом културе Улцињ, Црна Гора

 - 2005, Меѓународна сликарско копаничарска колонија "Папрадишки мајстори", Општина Велес, Македонија

Награди:

 - 1996, Златен медал "Гранд При" на загребскиот меѓународен велесаем, за дизајн на производ

 - 2000, Златен медал на саемот "ЕКСПО" за дизајн на производ, Брисел

 - 2001, Прва наградата "Златно сонце на годината", Министерството за економија на Р. Македонија

 - 2001, Златен медал на саемот "ЕКСПО" за дизајн на производ, Брисел

 - 2004, награда за графика "Божин Барутовски", Сојуз на ликовни педагози на Р. Македонија


Назад