Историјат Членови Идни планови Контакт Активности Статут

Статут на друштвото

Општи одредби

Друштвото на ликовните уметници на Велес (во натамошниот текст - ДЛУВ) е здружение на ликовните уметници заради остварување на нивните заеднички општи поединечни права и интереси и унапредување и афирмирање на ликовната уметност во нашиот град и поопшто во нашата Република.

***

Името на ДЛУВ е: "Друштво на ликовни уметници Велес”.  Скратеното име на Друштвото на ликовните уметници Велес е “ДЛУВ”.

***

ДЛУВ го застапува претседателот на ДЛУВ или лице што тој ќе го овласти.

 

ЧЛЕНСТВО ВО ДЛУВ И ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

***

Член на ДЛУВ може да биде секој уметник, државјанин на Р. Македонија или истакнат уметник од друга Држава, кој го исполнува следниов услов:
- Да има висока стручна подготовка – Факултет за ликовни уметности.
Условот од претходниот став се однесува на новите членови на ДЛУВ.
Одлука за прием во членството донесува Собранието на ДЛУВ.
Секој нов кандидат конкурира со најмалку три дела и фотокопии од завршеното образование. Едно од трите дела останува во сопственост на ДЛУВ.
ДЛУВ води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно.

***

За примање на нови членови на Друштвото се избира трочлена комисија од составот на редовните членови на Друштвото. Комисијата на свој состанок ги разгледува барањата за прием и по одредени критериуми цени дали кандидатот ќе го прими за член или не. Членовите на друштвото, редовни и надворешни се должни своите дела за изложбите на Друштвото да ги доставуваат и превземаат после изложбата лично или преку свои застапници. За надворешните членови на Друштвото важат истите услови и правила како и за прием на редовните членови. Членарината е иста како и за редовните членови.

***

Престанокот на членството со исклучување е во случаи кога член од делува спротивно на Статутот и на другите активности на ДЛУВ , неговото реноме и реномето на ликовните уметници. Или доколку членот кој повеќе од две години нема никакви активности во ликовната уметност.

***

 

Одлука за престанок на членство со исклучување донесува Собранието на ДЛУВ. Против одлуката на Собранието на ДЛУВ за исклучување, членот има право на жалба до претседателството, во рок од осум дена од денот на приемот на Одлуката.

***

Членот на ДЛУВ ги има следниве права, обврски и одговорности:
      -          Активно да работи врз остварувањето на целите и задачите на ДЛУВ утврдени со овој статут
      -          Да избира да биде избран во органите и телата на ДЛУВ
      -          Да учествува во сите видови активности на ДЛУВ, односно на неговите органи и тела.
      -          Да учествува во работата на Собранието и во органите и телата во кој е избран, односно да учествува во одлучувањето, да дава предлози и мислења, да расправа по одделени прашања и да покренува иницијативи.
      -          Да ја унапредува работата на ДЛУВ и да се грижи за неговиот углед
      -          Да биде вистинито и редовно информиран за работите во ДЛУВ, односно на неговите органи и тела, како и за материјално - финансиското работење на ДЛУВ.
      -          Редовно да плаќа членарина