|
Стојановски Илчо
Роден на
09.03.1973 во Велес. Завршил средно уметничко училиште и
факултет за ликовни уметности во Скопје. Дипломира на отсек
вајарство во класата на професор Драган Поповски - Дада. Од
1995 е член на Друштвото на ликовни уметници на Велес.
Активно учествува на сите изложби кои ги организира ДЛУВ и
зема учество во нивно организирање. Исто така е член на
Стрип центарот на Македонија и е инструктор во неколку стрип
работилници организирани од стрип центарот. Самостојно има
излагано по повод Патрониот празник на О.У. Блаже Конески во
просторот на самото училиште. Има учествувано на повеќе
ликовни колонии во Македонија и надвор од неа. Вработен е
како професор по ликовно образование во О.У. Даме Груев -
Градско.
E-mail:
ilkostojanovski@yahoo.com
Телефон:
070 788 920
Учествувал на колонии
- 2002 сликарска колонија Гуриште - Свети Николе
- 2002 колонија Работнички Дом - Велес
- 2004 меѓународна скулпторска колонија Плав - Црна Гора
- 2006 сликарско копаничарска колонија Папрадишки мајстори -
Велес
- 2006 меѓународна скулпторска колонија Штулов Универзитет -
Тетово
Назад |